„Жал ми е за таа жена“: Тања Савиќ проговори за свадбата на бившиот сопруг - „Децата не ме прашуваат за него“

Добивај вести на Viber

Неодамна во медиумиte се појави вест дека поранешниот сопругот на Тања Савиќ, Душан Јованчевиќ решил повторно да се ожени, а пејачката не го криела разочарувањето.

- Жал ми е за таа жена - накратко рече Тања Савиќ, а потоа се отвори за врската со бившиот сопруг Душан, т.е за односот на нејзините деца со татко им и тешките моменти.

- Моите синови немаат контакт со својот татко како што треба. Дури и кога ќе воспостават контакт, тоа е малку придушено. Што се однесува до мене, би сакала да имам подобар однос само заради децата, но не добивам одговор... скоро никаков. Можеби е подобро така, сѐ би тргнало во друг правец и би ми било многу тешко сето тоа повторно да го избалансирам. Децата веќе не ме прашуваат за него... единствено што можам да кажам е дека ми е многу тешко, но морам да се борам, изјави Тања во „Премиери-викенд специјал“, додавајќи:

-Додека бевме разделени, и од татко им од баба им беше забрането да се слушнат со мене. Нивниот одбранбен механизам беше дека, знаејќи што се случува, решија да не разговараат со мене. Тоа ми го потврдија кога сѐ беше готово, ми рекоа „Мамо многу ни недостигаш, толку многу плачевме...извини“. Постариот син, кој го разбрал сето тоа, бил повреден од сето тоа. Но, успеавме, заклучи таа.


Фото: Youtube - screenshoot

Веќе бев бремена. Намерно ми направи уште едно дете: Тања Савиќ откри сè што криела од јавноста со години