ЗАПАЛЕТЕ ЦИГАРА СО ДЕТЕТО ПРЕД ПУБЕРТЕТ: Трикови како да ги одвратите тинејџерите од пушење
Што да направите кога ќе почувствувате дека вашето дете пуши, а не можете да го одвратите од лошата навика? Српскиот доктор Петар Божовиќ ги советува родителите како да се справат во оваа ситуација.
Истражувањата велат дека тинејџерите почнуваат да пушат на возраст од 13 до 15 години. Пари за цигарите добиваат од родителите, а на почетокот во просек конзумираат по половина кутија на ден.
„ Ако во домот се јаде многу зачинета храна, бибер, сенф, оцет, а особено туршија, малите сензори за вкус се навикнуваат на интензивни зачини. Кога ќе дојде пубертет и кога хормоните ќе ги возбудат, тинејџерите имаат потреба за нешто посилно и во однос на тоа, ќе експериментираат со никотин“, вели докторт.
На почетокот, објаснува тој, само ќе пуфкаат , а потоа ако и родителите се пушачи, брзо ќе се навикнат.
Уште една важна причина е секако пубертетот. Замислете ја оваа ситуација: Тој се вљубил во девојка која пуши и за прв пат излегува со неа на пијалок. Таа ги става цигарите на маса и нарачува жестоко. Тој нарачува сок и веднаш е отпишан во нејзините очи со коментарот: „Па, ти не пушиш, ниту пиеш“. Последица: никогаш веќе нема да дозволи некој тоа да му го каже и самиот ќе си купи цигари. Младите на тој начин го баараат своето место во друштвото, и се зголемува лачењето на хормоните допамин и серотонин. Тоа, за тинејџерите е најдоброто можно чувство, како да се среќно вљубени или како да ги фалите.
- Како да реагирате кога ќе го фатите детето со цигара?
На почетокот, треба да се реагира мирно. Забраната може само да ги втурне во поголема илегала. Постапено објаснете им дека ќе смрдат на тутун, дека ќе бидат лоши во спортот и дека цигарите букавлно ги уништуваат половите органи. Кажете им на децата дека ако пушат ќе останат со понизок раст, ќе имаат помала мускулна градба. Кај машките може да се случи пенисот да не им достигне полн генетски потенцијал. Кај девојките, никотинот во комбинација со кафе влијае на послаб развој на градите.
Германскиот доктор Ридигер Далке предлага нешто поекстремно. “ Во годините пред да настапи пубертетот, додека детето се уште е послушно, ако и вие сте пушач, испушете со детето една цигара. Пред тоа, задолжително објаснете му ја штетноста на никотинот. Цигарата треба да ја испушите до крај. Така евентуалните негативни ефекти: главоболка, вртоглавица, мачнини, евентуалното повраќање треба да бидат потоплни. Не само што подоцна ќе бидат во предност во однос на останатите деца кои за прв пат ќе им понудат цигара (знам, сум пробал), туку сеќавањето на непријатното искуство ќе ги одбие.
- Англиски трик
„ Англичаните пак, се служат со следниот трик. Земете една тегла, наполнете ја две третини со млака вода и ставете во неа неколку отпушоци. Ставете ја на работната маса на детето и по 24 часа понудете му ја да ја испие. Кога ќе одбие, кажете му дека истото тоа се наоѓа во неговите бели дробови“, додава доктор Боровиќ.
Ако родителите претходно биле пушачи, треба да им признаат на децата дека грешеле, и посакуваат никогаш да не почнувале.