Запознајте го Rose Jam семејството!

Добивај вести на Viber

Го сакате мирисот на рози? Време е  да го запознаете целото Rose Jam семејство.

Rose Jam – мирисот кој стана култ и е омилен во Lush веќе со години. Мислите дека мирисаат исто како сите останати парфеми со рози? Размислете повторно. Ова не е мирисот на рози од градината на вашата баба.

Само за потсетување, Lush e еден од најголемите купувачи во светот  на розино масло, и току тоа истото ќе го најдете во сите Rose Jam миризилви задоволства. Тоа е помешано со различни состојки како преслатката ванила или масло од лимон за да даде уште попрекрасна нота.

Rose Jam – регенератор за туширање.

Спакуван со хранливи путери и масла, Ro’s Argan ќе ја омекне вашата кожа и ќе направи да се чувствувате луксузно. Всушност толку е омекнувачки што веднаш после туширањето немате потреба од лосион за тело. Едноставно, го нанесувате на мокро тело, откако ќе се избањате со гел или сапун, масирате, плакнете а како резултат на тоа вашата кожа е свиленкаста на допир.

Rose Jam – гел за туширање.

Го знаеме како limited edition производ, но за среќа на сите фанови го вратија во редовна продажба, така што ќе го најдете во сите продавници на Lush преку целата година.

Станувате зависни од неговиот сладок – овошен мирис. Со своите прекрасни состојки како ванилата, сокот од гоџи бери и богаотот со витамини арганово масло, овој гел ќе ве освои на прв поглед.

Rose Jam – пенлива купка .

Повеќе популарна и од турските серии е оваа пенлива купка полна со рози. Оваа купка е инспирирана од мирисот на турските рози. Покрај маслото и апсолутот од рози, мирисот го обогатуваат и маслото од гераниум и маслото од сицилијански лимон. Нејзиниот изглед е инспириран од француските ‘macarons’, а тоа ја прави да изгледа толку неодолива слатка на изглед како што е и на мирис, додека нејзиното конзумирање е вистинско задоволство како за кожата така и за умот.

Rose Jam – спреј за тело.

Кога сакате нешто толку многу, би требало да го носите со вас насекаде. Ставете го шишенцето од Rose Jam спрејот за тело во вашиот ранец за теретана, во вашата чанта за работа, во вашата торба за на плажа или пак во која торба и да посакате. Доволно  е само еднаш да шприцнете за во текот на целиот ден да останете заводливи.

Jason and the Argan Oil – тврд шампон за коса.

Добрата коса повеќе не е мит! Ако сте во постојана потрага по поцврста, посјајна и помека коса, тогаш дефинитивно пробајте го овој шампон полн со арганово масло кој е дел од фамилијата на Rose Jam мирисот. Аргановото масло во комбинација со глицерин ја омекнува косата, а сјајот што ќе го добиеш нема да го замениш со ништо. Од оваа цврста основа апсолутот и маслото од рози го балансираат скалпот, правејќи ја оваа плочка совршена за осветлување и цврстина на косата. 

Rosie – подарок

Доколку сакате прекрасно спакувана кутија со овој неодолив мирис, тогаш ви го предлагаме веќе спакуваниот  подарок Rosie.Содржи Jason and Argan oil- цврст шампон за коса, Tisty Tosty – шумлива купка за во када,Rose Jam – гел за туширање,Ro’s Argan – регенератор за туширање и Rose Jam Bubbleroon – пенлива купка.