ЗАПОЗНАВАЛ ЖЕНИ ОД БИТОЛА ПРЕКУ ФЕЈСБУК, А ПОТОА ГИ КРАДЕЛ ИЛИ СО ИЗМАМИ ИМ ГИ ЗЕМАЛ ПАРИТЕ - еве што му текнало на еден пробиштипјанец

Како ли нема да им текне на измамниците да дојдат до пари. Го користат и фејсбук за да започнат љубовна врска и да ги измамат своите партнерки.

„На 28.07.2022 во 09.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициска станица Пробиштип го лишиле од слобода Д.М.(31) од Пробиштип. Тој се сомничи дека во периодот од мај до јули оваа година, по запознавање со две жени од Битола на социјалната мрежа Фејсбук и по започнување љубовна врска со нив, кај едната извршил кражба, а другата ја измамил за сума од 6.500 евра и 72.000 денари, за што беше пријавено на 27.07.2022.

Детали читајте на Фактор тука.