ЗАШТИТЕНИ КАКО БЕЛИ МЕЧКИ: Гостите на свадбата на Меган и Хари ќе се третираат како терористи, политичари нема да има!

Добивај вести на Viber

Кралската венчавка во Велика Британија полека се ближи, а во медиумите веќе се шпекулира кој ќе биде гостин на свадбата на принцот Хари и актерката Меган Маркл на 19 мај. Она што е сосема сигурно е тоа дека светски познати политичари не се повикани на прославата.

Кој би можел да биде повикан?

Поканите се отпечатени на 22 март, па се претпоставува дека списокот веќе е готов. Гостите на венчавката ќе бидат луѓе кои се директно поврзани со познатиот пар.

Она што е сигурно е дека на оваа венчавка нема да има толку гости колку што имаше на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година.

На венчавката ќе бидат присутни дури 2 640 обични граѓани , а исто така се очекува доаѓање на 1200 луѓе кои покажале силни лидерски способности во своите заедници.

Се очекува дека Хари ќе ги повика своите соборци од војската со кои бил во Авганистан. Меѓутоа, се зборува дека полубратот и полусестрата на Меган не се повикани на големата церемонија.

Медиуми пишуваат дека на венчавката би можеле да дојдат пејачката Ели Голдинг и Џош Стоун која е амбасадорка на добротворната организација на Хари. Двете имале прилика на пеат на кралски настани.

На свадбата исто така би требало да присуствува и американската тенисерка Серена Вилијамс, како и индиската актерка Пријанка Чопра.

Се зборува дека дури 16 колеги на Меган од серијата "Suits" ќе присуствуваат на венчавката, а Хари наводно повикал и две свои поранешни девојки.

Политичари не се повикани

Британската премиерка Тереза Меј не е повикана на венчавката на принцот Хари и Меган, рекол извор од британската влада.

-Одлучено е дека официјален список на политички претставници, британски и меѓународни не е потребен за венчавката на Хари и Меган Маркл. Владата на Нејзиното Височество била консултирана во врска со таа одлука, која ја донесе кралското семејство-рекол портпаролот на принцот Хари.

Меѓу повиканите не се ниту американскиот претседател Доналд Трамп ниту неговиот бретходник Барак Обама, пишува he Telegraph.

Исклучок би можел да биде премиерот на Канада Џастин Трудо, кој  најверојатно ќе присуствува на венчавката заедно со сопругата Софи.

Големи мерки на обезбедување

Кога повеќе од 100 000 луѓе се соберат на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, британската полиција секој ќе го третира како потенцијален терорист, или личност која кралското семејство го доживува опсесивно.

Меѓу мерките кои ќе бидат преземени се бариерите за запирање на нападот со автомобил, вооружени патроли и безбедност каква се спроведува на аеродромите.

-Тоа е вистински предизвик-изјавил Боб Бродхурст , поранешен полицаец, кој бил задолжен за безбедноста на свадбата на постариот брат на Хари.

-Невозможно е да се претресат над десетина илјади луѓе, кои сакаат да бидат на улиците, било кој може да биде потенцијален терорист, рекол тој.