Заводливо во секој поглед: Транспарентни градници се апсолутен „must“!

Добивај вести на Viber

Иако градниците се сметаат за долна облека, сепак модните инфлуенсерки пронајдоа начин како да ги вметнат во секојдневните комбинации.

Интересно е што ова парче совршено се комбинира како со кежуал, така и со елегантни парчиња облека. Односно може да се носи под сако, но и да се комбинира со здолништа и фармерки, а притоа да не изгледа вулгарно.


Покрај едноставните еднобојни модели, летово актуелни се и оние во неон нијанси, па доколку сакате да направите некоја комбинација, инспирирајте се од фотографиите.