Зборовите на Драгана Мирковиќ му ја „искинаа“ душата на Тони Бијелиќ: Сѐ се случило пред разводот, никогаш не можеле да се опорават
Иако се труделе да ги пребродат најтешките моменти, болката трае до ден денес.
Фолк дивата Драгана Мирковиќ неодамна во јавноста објави дека се разведува од сопругот, бизнисменот Тони Бијелиќ. Овој тежок период во нивниот живот го одбележаа бројни емотивни предизвици, а Драгана отворено проговори за тоа како ги поминала овие тешки моменти.
Сепак, еден од најтешките моменти во нивниот брак беше смртта на таткото на Тони пред нешто повеќе од две години. Драгана истакна дека се скршила кога го видела сопругот во таква тага, и дека се трудела да го поддржи во тие тешки моменти. Таа се обидуваше да го охрабри и да го извади од тагата, што било предизвик кој траел долго.
- Никогаш не е подготвен за такви работи. Се обидов да бидам негова карпа, но никогаш не сум го видела Тони толку тажен, никогаш толку скршен, таа слика засекогаш ќе ми остане врежана во сеќавањето - изјавила Драгана кратко по загубата за локалните медиуми и продолжила:
- Не стигнав ни да го истажам тој човек, колку што се грижев за мојот Тони, искрено. Прв пат заедно доживеавме таков удар. Потоа се обидов да го натерам малку да се раздвижи, бевме на одмор во Монте Карло, само да се оттргне од Австрија и да му го тргнам паметот. Конечно, јас и децата успеавме да го подигнеме малку, иако болката сигурно е и денес.
Инаку, Мирковиќ неодамна во јавноста почна поинаку да зборува за својот сопруг, што го привлече вниманието на медиумите. Претходно често бајковито ја опишуваше нивната љубов, а сега зборува поладно и дистанцирано.
ФОТО: Инстаграм