Здолниште и панталони во едно: Џенифер Анистон во црни панталони кои би ги носеле и најтврдокорните љубители на здолништа (ФОТО)
фото:Profimedia
Фановите на серијата „The Morning Show“ сигурно ќе бидат среќни кога ќе дознаат дека снимањето на 3-та сезона е во тек. Во серијата, инспирирана од книгата на Брајан Стелтер „Top of the Morning: Inside the Cutthroat World of Morning TV“, глуми Џенифер Анистон.
Актерката го толкува ликот на Алекс Леви, популарна ТВ презентерка која се бори да остане на својата работа во првата сезона од серијата. За својата улога, Џенифер Анистон е номинирана за наградите Еми, Златен глобус и САГ, една од најпрестижните кога станува збор за телевизиските достигнувања.
Во интервју за списанието Variety, таа откри што очекува од нејзиниот лик во третата сезона: Мислам дека е време Алекс да најде љубов и страст. Би можела да ја остави контролата, да го отвори срцето и да стане ранлива, што е нешто што навистина не го направила досега. Ѝ треба добар пријател. Мораме да ја натераме да излезе со девојките. Сакам да ја видам како оди на шопинг, шета низ светот и излегува од нејзината комфорна зона.
Кој знае, можеби комбинацијата во која Џенифер беше на снимање е онаа во која Алекс ќе оди на состанок и ќе се заљуби.
Актерката носеше прексрасно црно издание во кое очекувано најмногу се истакнаа панталоните Александар Меквин.
фото:Profimedia
Моделот наречен Barathea во црно всушност комбинира здолниште и панталони во едно, а целосно е направен од фина волна.
фото:Profimedia
Дури и тврдокорните љубители на здолништа кои не сакаат да носат панталони веројатно би му дале шанса на овој ефикасен модел идеален за повеќе свечени прилики. Костимографите од серијата ги надградија софистицираните панталони со црна ролка и сандали со тенки ремчиња.
извор:zadovoljnja.nova