„Здраво бејби. Од мене за мене“: Миа Костова се почасти со нов луксузен автомобил

Таа е една од најпознатите дами кај нас. Јавноста ја запозна како водителка на естраден магазин, потоа се сликаше за македонскиот Плејбој, а изминатите неколку години како е гласен говорник на многу теми, особено за анксиозноста и булингот - таа е добро познатата инфлуенсерка Миа Костова.

Миа редовно споделува како го минува секојдневието, што сменила во домот, што си купила, се подновила, каде шета, а овој пат се пофали дека си купила автомобил.

„Здраво бејби. Од мене за мене“, напиша инфлуенсерката на Инстаграм Стори, откривајќи во јавноста дека си купила нов луксузен автомобил.

Првата честитка за новиот автомобил пристигна од нејзината најблиска личност, Тијана Скулиќ.


Фото: Инстаграм - Миа Костова