Желбата ми се исполни на мојот 50-ти роденден: Данијела Мартиновиќ како принцеза, во бајковита атмосфера го прослави роденденот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Кој би помислил дека пејачката Данијела Мартиновиќ пред неколку дена го прослави својот 50-ти роденден? 

Иако е на музичката сцена повеќе од 30 години, а зад себе има бројни хитови, сплитчанката сепак изгледа како девојка, дури и откако влезе во шестата деценија. Зад неа е, слободно можеме да кажеме еден предизвикувачки период, имајќи предвид дека ја раскина долгогодишната врска со музичарот Петар Грашо, но пејачката не ја симнува насмевката од лицето.

Пејачката од Сплит го прослави својот роденден, кој беше на 15 јули, на бајковита локација во Випава, Словенија. Токму на оваа локација се направени многу фотографии од нејзиниот роденден, кои сега со задоволство ги споделува со своите обожаватели.

Ова го докажува и со една од фотографиите на социјалните мрежи на која пејачката, како принцеза во долг фустан, позира со насмевка од уво до уво. Таа накратко се врати во минатото, поточно во далечната 1998 година, кога имала една необична желба. А дека желбите се остваруваат ‘кога - тогаш’ покажа и со објава на нејзиниот Инстаграм профил.

„Кога првпат се приближив до замокот Земоно во 1998 година, здивот ми застана и реков - морам да се фотографирам тука! Конечно, желбата ми се исполни, токму на мојот роденден...“, напиша Данијела во описот на фотографијата. 


Верните следбеници веднаш ја преплавија објавата со позитивни коментари.

Роденденот го прослави во друштво на омилените жени, како што самата напиша и додаде дека прославата за нејзиниот 50-ти роденден ќе трае цела година.

View this post on Instagram

A post shared by Danijela Martinovi (@danijelamartinovicofficial)


Да потсетиме, Данијела и Грашо беа едни од најсаканите парови, но пред неколку месеци, ставија крај на долгогодишната врска. Сега веќе поранешните партнери, ја започнаа својата љубовна приказна пред повеќе од две децении, и иако и двајцата се познати како големи sвезди на музичко небо, тие вешто успеаја да ја чуваат приватноста далеку од очите на јавноста, па зборуваа за нивната интимност само во ретки моменти.

извор:story.rs / tportal.hr

Поврзани вести:

По средбата со една личност, станав подобар човек: Данијела Мартиновиќ открива непознати детали од животот

Љубовта не отстапува, непобедлива е: Данијела Мартиновиќ со силна порака во новата песна