Зелена или бела новогодишна елка: Со кои бои ќе постигнете складен контраст во домот
Купувајте новогодишен декор со вашата Diners Club картичка и уживајте во сите поволности кои таа ви ги нуди
Празничната атмосфера полека, но сигурно ќе завладее во сечиј дом. Ние ви препорачуваме пред да почнете со украсување најпрво да одредите каде е најдобро да го сместите дрвцето (елката).
Убаво накитена елка ќе го поздрави секој уште на самото влегување, а дневниот престој може да го украсите на поинаков начин, со свеќи, светилки, разни украси. Бојата на украси треба да се согласува со нијансата на собата.
Откако ќе ја сметите елката, изберете тема која ја сакате оваа година, а притоа внимавајте боите кои ги избравте да се сложуваат со нијансата на ѕидовите на собата. На тој начин ќе постигнете складен контраст, додека преголемиот контраст ќе остави кичест впечаток.
Можете да изберете црвена, комбинација на златна и бела, виолетова и сребрена или сина, изборот е ваш. Со снежно бело дрвце најмногу одговараат сини, виолетови или сребрени украси, додека зелената боја на дрвцето „ги поднесува“ речиси сите комбинации.
Diners Club картичката има одлични поволности за плаќање на рати и попусти на новогодишен програм во неколку продавници.
Изберете место по ваша желба од табелата и внесете ја празничната магија во вашиот дом.