Земјотрес- Епицентар или хипоцентар: Кој со каква сила, јачина,ширење, бранови?
Земјотресот е резултат на поместувањето на тектонски плочи, движењето на земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата.
Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицантарот и составот на земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло.
Јачината на земјотресот се изразува со помош на Меркали-Канкани-Сибергова скала, попозната како Меркалиева скала, којашто има 12 степени и се темели врз разорноста и последиците од земјотресот.
Постои и Рихтерова скала, којашто има магнитут до 9 степени и се темели врз јачината (количината) на енергија што се ослободува при потресот.
Постојат повеќе видови на земјотреси, меѓу кои најчести (90% од случаевите) се т.н. тектонски потреси, коишто воедно се и најсилни и најразрушувачки. Наречени се тектонски бидејќи настануваат при движењето и допирот на тектонските плочи. Постојат уште и вулкански земјотреси (7% од случаевите), коишто се послаби и настануваат при ерупција на вулкан, и земјотреси коишто настануваат при пропаѓање на земјиштето, т.н. одронски земјотреси (3% од случаевите).
Земјотресот со случува во внатрешноста на Земјата и тоа место се нарекува жариште. Точката во внатрешноста на Земјата каде што настанува земјотресот се нарекува хипоцентар, а местото на површината на Земјата каде тој најсилно се чувствува е епицентар.
Земјотресот се шири во бранови. Според брзината на ширење, се делат на лонгитудни или примарни и трансверзални или секундарни слики. Правецот на ширење на брановите може да биде вертикален или хоризонтален.