Жена борец, хуманистка, мајка, баба: Биба Додева денес слави роденден

Поп пејачката и претседател на здружението „Борка“ Биба Додева денес слави роденден.

Таа е родена на денешен ден во 1975 и денес полни 46 години.

Биба важи за една од најдобрите вокални интерпретаторки во Македонија, пејачка во буквална и вистинска смисла на зборот, жена борец, хуманистка, мајка, баба… и пред сѐ човек.

После неколку години повлекување од македонската музичка сцена, во септември минатата година Биба Додева со големиот музички проект “Незаборавни” се врати и продолжува онаму каде што застана.

„Мојот внук е мојата најголема поддршка. Долго време ме немаше со албум, и среќна сум што ова е првиот поп албум во оваа 2020 година. Подолго време немав желба и сила да запеам, но се сетив на мојата мајка која секогаш ми велеше дека треба да продолжам да пеам. Татко ми е тука, а мајка ми сигурно сега ме гледа од горе и се гордее што ја послушав. Продолжив да пеам поради неа, поради ќерка ми, татко ми, мојот внук, а заслужен за сево ова е мојот Баце Дојчин“, рече Биба пред пријателите при претставувањето на албумот.

Поетесата Ана Бунтеска по тој повод и посвети песна а и упати и интересна роденденска порака.

-Бибо да си среќна, насмеана, љубена, и да љубиш со сето свое срце...еден рој песни ти сакам и убавини. Среќен роденден душо моја сродна, да остариме заедно, некаде до 90 (ќе си се запознаваме секој ден, ти е гајле. Знаеш она „а ти која беше“!) . За многу години денов, бесценета да си ми“ и порача Бунтеска на Биба, а под постот објави и песна.

Те носам во мене

како песна од која гласов трепери

со ВИОЛИНА И ГИТАРА

под пенџере дојди ми КАКО НЕКОГАШ.

И се’ зад себе оставам

се’ што збор ми одзема

нека ја снема болката

нека оди ВО БЕСТРАГА.

Стравот ми го ситниш

и во мене се закотвуваш

та ме задеваш и велиш ТИ САМО ЗБОРИШ

и со ЕДЕН БАКНЕЖ ме замолчуваш.

Во чекорот будно ме следиш

и молкум крај мене одиш

низ СРЕБРЕНИ УЛИЦИ

кои се прелеваат од дождот

во спокој од кој СКОПЈЕ се буди.

И сакам да осамне ден

во кое силно ќе светне

нашето СОНЦЕ ЗА 3 СВЕТА

и ова ЕДНО СРЦЕ што во градиве бие

да ти шепне ЛАЖИ МЕ за љубов вечна.

Повикај ме нежно АНУШКА остани

да сме ти и јас еден до друг

во приказна без крај

како НЕОБИЧЕН КРУГ кој не завршува

со пој од ПТИЦА која на југ не заминува

и песни за љубов

песни НЕЗАБОРАВНИ.

Женски магазин и поскува да слави уште многу родендени.