Жена од Израел го тужи својот сопруг поради тоа што во пресрет на фудбалскиот Мундијал во Русија, купил четири нови телевизори.
Тој сака на мира и со големо внимание да ги следи натпреварите, а мажот се заканил на сопругата доколку се обиде да го спречи во намерата.
Но, жената не сака нејзиниот стан да се претвори во „бучен машки клуб“ и го замоли нејзиниот сопруг да се пресели кај нивните родители додека трае Светското првенство. Човекот одби да се исели и и се заканил на сопругата дека ќе скрши телевизор од нејзината глава, ако таа ќе го спречи да ужива во игрите.
Светското првенство започнува на 14 месецов и ќе трае до 15 јули.