Моден фокус // Трендови
Жена потрошила 20 милиони евра само во еден трговски центар
Замира Хаџиева(55), сопругата на најпознатиот банкар од Азербејџан, за десет години во еден трговски центар потрошила 20 милиони евра, пишуваат повеќе светски медиуми.
Таа имала на располагање 35 картички.
Во Harods потрошила астрономска сума, и на тој начин ги растревожи британските власти, кои ги истражуваат сомнителните пари.
Овој закон кој стапи на сила годинава се вика Мекмафија закон.
Името на овој закон потекнува од називот на книга и серија која зборува за организиран криминал.
Жената живее во Британија затоа што добила виза со инвестиции кои им гарантираат престој во земјата на супербогатите.
Таа купила куќа во централниот дел на Лондон, преку компанија регистрирана на Британските Девствени Острови.