Жена сама си прослави роденден, а сите околу неа беа ставени на тест: Победи ли човештвото или бесчуствителноста тотално нѐ порази?
„Многу емотивно, срцепарателно“, гласи еден од многуте
коментари на видеото од роденден кој не‘ потсети на сите колку е важна емпатијата.
На видеото се гледа роденденот на една жена која сама го прославувала својот радосен ден. Дошла во ресторанот каде ја чекала торта, а потоа почнала да пее роденденска песна, која на почетокот ги збунила луѓето околу неа.
Љубопитно ја набљудуваа, а потоа нивните реакции го донесоа одговорот на прашањето - дали победи емпатијата или бесчувствителноста го покажа своето сурово лице.
Погледнете што се случи:
Интересни се и коментарите за видеото, оваа приказна ја започнавме со еден од нив, а речиси секој е тема за себе.
„Плачам, плачеш ли и ти?“, „Допира во срцето, прво самиот учиш да бидеш среќен, а потоа другите луѓе се придружуваат на твојата среќа“, „Ова го крши срцето и малкумина навистина разбираат“, „Утре е мој роденден и славам сама“, „Таа е толку силна жена“.
Како би реагирале кога би се нашле во овој ресторан во моментот кога жената од видеото славела роденден?
Фото и Видео: Инстаграм