Жена забременила со јајце клети од својата сестра

Добивај вести на Viber

Австралиската двојка, Крис и Амбер Спирс во 2014 година решиле да основаат семејство и да имаат бебе.

Но, по неколку месечни безуспешни обиди, кај младата девојка од Мелбурн лекарите дијагностицирале рана менопауза, и таа не можела веќе да произведува јајце клетки.

Потоа нејзината помлада сестра се понудила да донира јајце клетки. Вештачкото оплодување било успешно, и таа забременила со близначиња. Но, по 37 недели од бременоста, се јавиле нови компликации.

„Ми кажаа дека имам доста тешка преклампсија. Моите тромбоцити беа толку ниски што морав да примам епидурална пред да ме прегледаат подетално. Следното утро ми пукна воденикот, и поради преголемото количество течност, лекарите ми ја запреа водата, и тоа ми причини дехидратација“- раскажува Амбер.

Борбата за животот на мајката и бебињата траела со часови, па дури и по породувањето. Родилката изгубила многу крв, па таткото со близначињата биле изнесени вон салата. Сепак, Амбер и децата преживеале.

Бебињата, машко и женско, ги добиле имињата Арчи и Анализ.