Жената со најубаво лице, има над 100 килограми и суров одговор за сите кои ја нарекуваат „изрод“: Го покажа стомакот, и сите замолчеа за миг
Ешли Греам, модел и промотор на позитивниот однос кон телото, уште еднаш успеа да предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Популарноста на Ешли Греам во последните 10 години често наидува на негативни реакции, најмногу поради појавата на плус сајз моделите чие животно мото гласи - биди среќен во своето тело. Со оглед на тоа дека со години трпи навреди на социјалните мрежи поради килограмите, таа реши да им се спротивстави на оние кои ја напаѓаат. Таа на Инстаграм објави фотографија на која со дланките цврсто го држи стомакот, односно „вишокот“ за кој ја критикуваат.
Таа покажа како изгледа нејзиното тело една година откако роди близнаци.
Во коментарите имаше многу мајки кои на манекенката и дадоа грст комплименти и ѝ се заблагодарија за храброста, но и за инспирацијата, бидејќи сега и самите се чувствуваат подобро во своето тело.
„Во 30-та недела, стриите почнаа да стануваат се поголеми. Си помислив, во ред Ешли, можеш да се справиш со ова. Веќе имаше неколку претходно, ова е животот. Ти си шампион па ти си шампион-кому му е гајле? Ова ќе биде одличен момент ...Но потоа почнаа уште повеќе да се појавуваат, и можеше да се види како излегуваат од моите гаќички, а потоа преку папокот, и јас се стопив... Постојано му го напомнував тоа на мојот тим. Бев во фазон: „Не разбирате. Порано бев секс симбол, сега сум машина за правење бебиња и имам стрии до папок. Што се случува?“, рече таа во една прилика.„Планирав да се вратам на работа по осум недели, но бев крш, а кога се погледнав во огледало, сè уште се чувствував како бремена. А сепак работам во индустрија која очекува да се вратам на работа во тело кое „се повлече“ - притисок што ниту една жена, во ниту една индустрија, не заслужува да го чувствува. Отсекогаш сум се борела против нефер и нереални стандарди, а сепак, да бидам целосно искрена, и самата очекував да се врати се' на старото“.
ФОТО: Инстаграм
Шок фустан во кој без срам покажа сѐ до гола кожа: Ешли Греам потврди дека критиките не ја допираат