,

„Жени помагајте, останав без коса по ковид“: 2 рецепти кои би можеле да ѝ помогнат на Кристина Беквалац и други кои се соочуваат со оваа појава

Добивај вести на Viber

Стилистката и инфлуенсерка и сестра на Наташа Беквалац, Кристина Беквалац неодамна се заразила со коронавирус, имала лесни симптоми, но по прележувањето се соочила со зголемено опаѓање на косата што е една од утврдените постковид реакции кои се јавуваат кај некои луѓе.

Таа не претпоставувала дека е од ковид, но, кога се консултирала со стручњаци, сфатила дека вирусот предизвикува опаѓање на косата, а во нејзиниот случај ситуацијата е поалармантна бидејќи таа е платинеста плавуша повеќе од една деценија, поради што и инаку многу често се случуваат оштетувања.

Во оваа прилика таа им се обрати на своите следбеници на Инстаграм каде побара совет кој би го забрзал растот и закрепнувањето на косата.

- Жени, помогнете ми сега вие, бидејќи велите дека некогаш јас ви помагам. Дали има апчиња или производи за раст на косата? Останав без половина коса по ковид - загрижено напиша Кристина.

Нема да ви требаат индустриски суплементи доколку сте во слична ситуација како на Беквалц, но наоружајте се со трпение и природни емулзии кои се многу ефикасни.

Еве што ви треба:

Рецепт 1

1. Пантенол - раствор

2. Капки од коприва

3. Бадемово масло - органско

4. Рицинусово масло

5. Шампон без сулфат, парабени, силикон

Подготовка:

Во стаклен сад измешајте 50 мл пантенол, 30 капки коприва, три лажици бадемово масло, три лажици рицинус. Добро измешајте со дрвена шпатула, а потоа нанесете на влажна коса, како и на темето. Оставете еден час, а потоа исплакнете со шампон без сулфат.

Повторете ја постапката секогаш кога ќе се миете два месеци.

Рецепт 2

1. 4 лажици моринга во прав

2. белка од јајце

3. маслиново масло - ладно цедено

5. чичково масло - органско

Подготовка:

Во овален сад измешајте ги морингата, белките, маслиновото масло и чичковото масло, а потоа оставете ја смесата 15 минути. Потоа намачкајте ја косата со моќната маска. Намачкајте го добро и темето. Држете 30 минути, а потоа исплакнете.

извор:GLOSSY