ЖЕНИТЕ ГЛАСАА: Сакаат да одат топлес во јавен базен

Добивај вести на Viber

Жените во едно село во близина на Барселона се изборија на јавен базен да можат да одат топлес.

Жителките на ова село одлучиле ова прашање да се реши по пат на гласање, откако лани две жени биле натерани да го облечат горниот дел од костумот за капење.

Жените од селото Ламетља дел Ваљес со 61 отсто гласаа на базен да можат да дојдат топлес. Право на глас имаа жените постари од 16 години, а 379 излегоа на гласање.

Резултатот е равно легален, а гласањето беше организирано од локалната власт на Каталонија.

Селото има 8 илјади жители и е оддалечено 35 километри северно од Барселона.