Жените „полудеа“ по англиската диета: Велат можете да изгубите 10 килограми за само три недели, а ова се правилата
Велат дека
оваа диета е доста ефикасна, а е многу популарна со оглед на тоа што
резултатите може да ги забележите многу брзо
Англиската диета моментално е омилена кај жените кај нас, бидејќи за 21 ден може да биде спас во последен момент. Високо-протеинската храна го сочинува најголемиот дел од диетата, па затоа може да се класифицира како диета со малку јаглени хидрати.
Повеќето калории треба да се консумираат навечер, а појадокот треба да биде што е можно полесен и не премногу калоричен. Диетата, како што кажува самото име, трае 21 ден и за тоа време е можно да изгубите дури 10 килограми, доколку строго ги почитувате правилата. Не се препорачува да се следи диетата повеќе од еднаш годишно - привремено ограничување од количеството сол во исхраната може да биде корисно, додека долгорочно може да му наштети на организмот.
Важно е да се придржувате до следниве правила:
-Пржената и мрсната храна треба целосно да се исклучи;
- Можете да печете или динстате храна
- Пијте најмалку 2 литри обична вода во текот на денот
Оваа диета има три менија, односно се дели на млечни (првите два дена), месо (следните три дена), а потоа пет дена консумирате овошје и зеленчук, со што завршуваат првите 10 дена. После тоа има четири дена диета со месо, шест дена овошје и зеленчук, а диетата ја завршувате со млечен ден.
Млечни денови:
08:00 - чаша млеко и парче леб;
13:00 часот - чаша млеко;
16:00 часот - чаша млеко и парче леб;
19:00 часот - чаша млеко;
пред спиење - чаша сок од домати.
Денови на месо:
8:00 часот - кафе со млеко без шеќер, тост, 10 грама путер и 15 грама мед (половина лажица);
13:00 часот - чинија супа од месо или риба, 150-200 грама варено месо или риба, 2 лажици зелен грашок, парче леб;
16:00 часот - чаша млеко или чај, 15 грама мед;
19:00 часот - 2 јајца или 50 грама сирење (месо, риба, шунка со малку маснотии) или чаша кефир; тост.
Денови на овошје и зеленчук:
8:00 часот - 2 портокали или 2 јаболка;
13:00 часот - чинија супа од зеленчук без компири со 1 лажица растително масло, тост;
16:00 часот - секое овошје, освен банани;
19:00 - салата од зеленчук, лажица мед, шолја чај.
*Пред да почнете со оваа диета, консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.Фото:фреепик