Жените се претвораат во „хартиени марионети“, а целта е сите да изгледаат исто: Британската колумнистка со остри забелешки
Британската водителка, манекенка, колумнистка и писателка
Холи Вилоби неодамна отворено изјави дека познатите жени стануваат „кукли од
хартија“ кои сите наликуваат една на
друга
Во својата нова книга „Рефлексии“, Вилоби нагласи дека прекумерната пластична операција ги претвора луѓето во „монструозна креација“.
„Ако не можете да ги сакате вашите криви заби, ако не можете да го сакате вашиот нос кој можеби не е совршено мал, тенок нос што некој хируршки го намалил, ако не можете да ја прифатите вашата индивидуалност и оние делови од себе, како може тогаш да ги прифатите другите луѓе? Се што ќе направите е да се вклучите во монструозното создавање на општество на „хартиена марионета“ од кое сите излегуваат исто“, напиша Холи.
Оваа изјава силно одекна во британските медиуми, веројатно поради огромниот број на познати дами таму кои навистина изгледаат идентично. Медиумите во Велика Британија ги споменаа Кејти Прајс, Клои Фери, Били Фајрс, Лорен Гоџер, Мери Бедфорд, Арабела Чи, Моли Меј Хег, Меган Хансон како само дел од примерите на жени кои одговараат на описот на Холи... Повеќето од нив се инфлуенсерки, модели и ријалити ѕвезди.
„Навистина ми требаат. Ги правам еднаш или двапати годишно“, рече реалити ѕвездата Лорен Гоџер во 2019 година, зборувајќи за филери и ботокс. Но, таа неодамна изјави дека решила да ги намали овие интервенции бидејќи почнала да наликува на Џим Кери од филмот „Маска“.
Инфлуенсерката Моли Меј Хег првпат ставила филери во устата кога имала само 17 години, а денес го опишува овој потег како „апсурден“. Таа неодамна потрошила околу 6 илјади фунти за да ги неутрализира негативните ефекти од естетските корекции и филерите.
„Настапував во клуб и правев селфи. Се сеќавам дека зјапав во него и си помислив: „Што направив со моето лице?““, истакна неодамна таа.
Ријалити ѕвездата Мери неодамна призна дека ги зголемила градите, ставила филери во устата и направила третман со ботокс, нагласувајќи дека не жали за тоа. „Ако сте несигурни за нешто, најдобро е да го поправите, нема смисла да поминувате низ животот несигурно“, заклучи таа.
Фото: Профимедиа/Инстаграм
Девојка (14) го „средила“ носот, па ѝ паднал: Тинејџерите ги пумпаат усните, мајките за роденден им ставаат силикони во градите