Жените во оваа земја се најубави
Швеѓанките се наоѓаат на листата на најубави жени во светот.
Ги опишуваат како високи, убави, витки, жени со светол тен и коса.
Нивниот начин на живот има удел во убавиот изглед.
Жителите на Шведска практикуваат редовно вежбање и правилна, врамнотежена исхрана. Тој тренд не ја зафаќа само младата популација, која сака да изгледа добро, туку и повозрасните, кои се грижат и за своето здравје и благосостојба.
Шведска е држава во која седум од десет жители се занимаваат со некаква физичка активност. Нив не им пречи ни сивото, ни студено време, или пак снегот или дождот, бидејќи тоа за нив е дел од „обврските“ кои се важни да бидат завршени.
Со оглед на тоа дека знаат дека вежбањето без правилната исхрана не носи посакувани резултати, Швеѓаните обрнуваат големо внимание на конзумирањето здрави намирници. Високо на нивната листа се протеините.