Женски магазин од Тирана: Само здружени заедно, ние жените од Западен Балкан имаме моќ да ги промениме нештата

Во рамките на Акциониот план на Заедничкиот регионален пазар 2021-2024 и Агендата за економско зајакнување на жените на RCC, Регионалниот совет за соработка ја започнува иницијативата Жени претприемачи на годината од Западен Балкан, признавање на жените кои започнаа и развија сопствен бизнис и придонесоа за нови и одржливи работни места за другите жени и мажи во нашиот регион.

Жените претприемачи се витални придонесувачи за просперитетот на Западен Балкан. Нивната напорна работа, иновативно размислување и непоколеблива посветеност навистина им помага на нашите економии да растат и нашите општества да напредуваат.

Токму затоа, во Тирана, Албанија се одржа регионалниот настан односно лансирање на „Регионална мрежа на жени во претприемништвото“. Мрежата е за цел да ги обедини жените претприемачи и женските деловни здруженија и мрежи од Западен Балкан за да се справат со клучните претприемачки предизвици за жените во регионот.

На настанот свое излагање имаа неколку успешни жени од регинот кои разговара за клучните потенцијали, потреби и предизвици со кои се соочуваат жените претприемачи.

Иако дел од говорите поминаа во знакот на поддршка на жените во Украина, сепак се отворија многу актуелни теми односно излагачите се потрудија да ги разбијат стереотипите за жените, посебно на ова поднебје како и важноста на жената во нашето општество која е занемарена и многу помалку застапена - за разлика од мажите.

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу рече дека жената во 21 век посебно на овој дел од Балканот е силна, но недоволно за да ги надмине сите бариери.


„Само здружени заедно, ние жените имаме моќ да ги промениме нештата. Најбитно од се е жената да биде економски независна од мажот. Да може да се потпре самата на себе, да создава, креира, вложува, твори, да биде храбра и одлучна! Поскапува се‘! Основните намирници, бензинот... Да ја сплотиме нашата женска сила и да направиме промени и во тој поглед, рече Брегу.

Преку оваа иницијатива, се оддаде и скромно признание на оние храбри и жестоки жени кои се осмелија да се борат со стереотипите и да ја направат промената.

Преку неколку категории, беа прогласени и наградени неколку жени претприемачки од Западен Балкан кои на своевиден начин придонесуваат за подобро општество, создаваат нови работни места и се борат за женските права.

Наградени се Аида Зубевиќ, сопственик на Фаведа од БиХ, Валентина Тасева, сопственик на Семос едукација од Макеоднија, Драгана Цалија, сопственик на Saint Di од Србија, Пакизе Пајазитај, сопственик на Крафт бизнис Црна Гора и Арта Шеху Заими, сопственик на Labbox од Косово.

Небојша Толески, специјален известувач од Тирана