Женски магазин препорачува: Три филмски предлози за овој викенд
Минатата недела ви понудивме три филмови кои се актуелни во „Синеплекс“, а сега повторно одвоивме нови филмски предлози, кои се актуелни на нивниот репертоар.
„Осумте на Оушн“
Деби Оушн собира екипа за обид на невозможна кражба на годишната Мет Гала во Њујорк. Деби, отуѓената сестра на Дени Оушн се обидува да ја изведе најголемата кражба на векот за време на годишната Мет Гала во Њујорк. Нејзиниот прв чекор е да собере совршен тим: Луи, Роуз, Дафне Клугер, Најн Бол, Тами, Амита и Констанс. Филмот е акција/комедија и е во режија на Гери Рос, а во главните улоги се: Сандра Булок, Кејт Бланшет, Ријана и Ен Хетавеј.
„Мама Миа! Одиме повторно“
Десет години откако филмот Мама Миа заработи над 600 милиони долари ширум светот, се враќаме на магичниот грчки остров Калокаири во новиот оригинален мјузикл, базиран на песните од АБА. Со оригиналната филмска екипа и новите членови, меѓу кои и Лили Џејмс (Пепелашка, Возач), музичката комедија започна со прикажување во јули. Продуценти на Мама миа! Одиме Повторно се Џуди Крејмер и Гери Гецман, продуцентите на оригиналниот филм. Крејмер е и творец и продуцент на светскиот театарски мегахит мјузикл. Ол Паркер, сценаристот на Најдобриот Егзотичен Мериголд Хотел го пишува и режира продолжението според приказната на Кетрин Џонсон, Ричард Кертис и Паркер. Бени Андерсон и Бјорн Улвеус се враќаат да работат на музиката и текстовите и како извршни продуценти. Том Хенкс, Рита Вилсон, Филида Лојд, Ричард Кертис и Ники Кентиш Барнс исто така се извршни продуценти. Во истите улоги како во филмот Мама Миа! се оскаровката Мерил Стрип како Дона, Џули Вотерс како Роузи и Кристин Варански како Тања. Аманда Сејфрид и Доминик Купер се повторно заедно како Софи и Скај, а Пирс Броснан, Стелан Скарсгард и оскаровецот Колин Фирт повторно ги играат трите можни татковци на Софи: Сем, Бил и Хери. Алекса Дејвис (Прекрасен млад ум) и Џесика Кинан Вин (Бродвејска убавица) Младиот Сем ќе го игра Џереми Ирвин (Воен Коњ), младиот Бил е Џош Дилан (Сојузници), а младиот Хари е Хју Скинер (Убиј ги своите пријатели).
„Неверојатните 2“
Омиленото семејство на суперхерои се враќа во „Неверојатните 2“, но, овој пат, Хелен е во центарот на вниманието, оставајќи го Боб дома со Виолет и Даш да ги поминува секојдневните херојски обврски во еден „нормален“ живот. Ова претставува тешка транзиција за сите, уште потешка познавајќи дека семејството се уште не е запознаено со фактот дека бебето Џек-Џек има супермоќи. Кога новиот негативец изведува опасен заговор, семејството заедно со Фрозон мора да најдат начин повторно да работат заедно - што е полесно да се каже отколку да се направи, дури иако се тие неверојатни. Анимираниот филм е во режија на Бред Бирд, а гласовите ги позајмија: Семјуел Л. Џексон, Холи Хантер и Софија Буш.