Женски парфеми кои ги привлекуваат мажите како магнет: Можете да имате 100 различни мириси, но сите паѓаат на овие три
Еден позната ТикТокерка објави листа на три женски парфеми кои мажите сакаат да ги мирисаат на жените.
Од сите наши секојдневни производи за убавина, парфемот претставува нешто далеку полично. Веројатно веќе знаете дека еден парфем нема да мириса исто на двајца луѓе, без разлика колку се слични. Хемијата на нашето тело е сосема уникатна и затоа, ги обработува сите состојки содржани во парфемот на уникатен начин, трансформирајќи ги во алхемија од ноти и мириси кои опиваат, примамат, привлекуваат и како се вели нè соборуваат од нога.
Исто така, мирисот игра важна улога во играта на заведување, па не штети да имате долготраен парфем и да знаете кои ноти најмногу ги привлекуваат мажите. Ако сте страствен љубител на парфеми и мислите дека вашата колекција излегува од контрола, оваа ѕвезда на TikTok има доволно мириси за да им парира дури и на најбогатите дргогерии.
На почетокот на оваа година таа стана вирална кога на своите следбеници им ги покажа стотиците шишиња парфеми кои ги поседува во нејзината колекција.
Во видеото, ТикТокерката откри дека од стотиците мириси што ги поседува, има само три на кои мажите не можат да им одолеат. Таа напиша: „Кога имаш огромна колекција парфеми, но момците ги признаваат само овие три“.
@hebesy Why do guys love the sweet perfumes? #perfumetiktok #perfume #sweetperfume #blackopium #ysl #goodgirl #arianagrande #sweetlikecandy #fragrance use this sound if your gay - A
1. Black Opium, YSL
Првиот е Black Opium од Ив Сен Лорен. Овој парфем е омилен на многу девојки и има основни ноти на кафе и пачули кои се надоврзуваат на посветлиот мирис на круша и мандарина.
2. Good Girl, Carolina Herrera
Вториот парфем што овој љубител на скапи мириси го истакнува не е толку познат како Black Opium. Станува збор за мирис од њујоршката модна куќа Каролина Херера. Нивниот парфем Good Girl има ноти на бобинки и јасмин со дрвенест подтон. Да не зборуваме за дизајнот кој изгледа како вистинска декорација за секоја маса за облекување.
3. Sweet Like Candy, Ariana Grande
Третиот парфем кој доби пофалби во видеото е мирисот Sweet Like Candy на Ariana Grande - кој е достапен во дрогериите. Горните ноти се капина, круша и бергамот; додека основните ноти се ванила и кашмир. Освен тоа, други спомнаа дека имале слично искуство со парфемот на Аријана Гранде.
ФОТО: Инстаграм