Женски работи кои ги прават и мажите: Да или не?!

Нема повеќе „седи, тоа е женска работа“. Денес, голем дел од мажите ги прават и „женските работи“ и тука нема ништо за срамење.

Готвење, перење алишта (или само притиснување на неколку копчиња на машината за перење алишта која, искрено, сама ги пере – сѐ што треба да направите е да ги ставите во неа, да додадете прашок и омекнувач и тоа е тоа), шетање по бутици за да го најдат парчето облека кое добро им стои или е од последната сезона – тоа го прават и мажите.

Сите тие стереотипи за жените дека кога седат со пријателките и не прават ништо друго освен тоа што трачарат за секого важат и за мажите. Ако мислите дека помеѓу група мажи на пијачка се водат разговори за фудбал, автомобили и други „машки работи“ сте се излажале.

„Уште ли се подготвуваш? Цел чат ти треба.“ Не се само жените тие кои трошат по цели часови за дотерување. Сите сакаат да изгледаат убаво пред да одат некаде.

И не се само жените оние кои сакаат да пијат коктели и други слични пијалаци – мажите подеднакво сакаат ликери и коктели, но од срам поради стереотипот „женски чаши“ (верувале или не) нарачуваат пиво.
Исто така, често читаат и хороскоп. Иако ретко тоа го признаваат.