Женствени, модерни и лелеави: 4 фустани што ќе ги носиме ова лето

Добивај вести на Viber

Фото насловна: freepik

Во нив секогаш ќе се чувствувате пријатно и елегантно

Пролетта и летото се вистинско време е за лелеави фустани. Оваа година се враќаат кај нас посмелите дизајни и кроеви. Од прекрасни цветни мотиви до долги и еднобојни фустани, во кои секогаш ќе се чувствувате елегантно и пријатно.

Без разлика дали ќе изберете кроеви кои ќе ја следат вашата силуета или сепак сте за ретро широк модел, овие фустани дефинитивно ќе му дадат женственост на вашиот изглед.


Цветен дезен

Кога станува збор за фустани со цветен дизајн, најдоброто нешто кај нив е што можете да ги носите во која било комбинација. 

Со патики, чизми до глужд или високи потпетици, секогаш ќе изгледате уредно и модерно. 


Удобен бел фустан

Со овој долг фустан, доволно е да купите удобни кожени сандали.

На овој изглед можете да додадете чанта или ремен и ќе добиете комплетно нова форма.


Каро дезен

Традиционалниот кариран модел се враќа ова лето. Го има буквално насекаде и на сè, од чанти, блузи, јакни, здолништа и секако фустани.

Секоја година добива нова форма, но со „пуф“ ракави останува впечатлив. 


V деколте и смели бои

Ова деколте може да биде помало или поголемо, а најважно е да ја прилагодите должината на фустанот. Кралската сина боја лесно се комбинира со повеќето други. 

Со неколку модни детали, како што се накит и потпетици, ќе бидете подготвени за вечера во луксузен ресторан.


Фото: pinterest.com

Можеби ќе ве интересира:

Kралицата Летиција во чевли што мора да ги има секоја жена: Дури и од најдосадната облека прават модна магија