Женственост и гламур на највисоко ниво: Најубавите дами на отворањето на 74-тиот Кански филмски фестивал (ГАЛЕРИЈА)

Добивај вести на Viber

Фото: Profimedia

Синоќа свечено беше отворен 74-тиот Кански филмски фестивал со премиера на филмот „Final Cut“, а на црвениот тепих продефилираа многу познати убавици од светот на кинематографијата и модата.

Не е тајна дека оваа манифестација отсекогаш подразбирала врвна елеганција без никаков акцент на невкусот и вулгарноста, па овојпат бевме сведоци на женственост и гламур на највисоко ниво.

Посебно ни се допадна храброто, но впечатливо издание на актерката Ребека Хол, кое блесна во креацијата во контрастна црвена и розова боја, како и нежното издание на нејзината француска колешка Амандин Пети.

Погледнете ги сите вечерашни изданија од Канскиот фестивал во нашата галерија: 

Фото: Profimedia