Жестоки навивачи: Ева Лонгорија го облече синчето во дрес од Мексико

Добивај вести на Viber

„Очајната домаќинка"  ги воодушеви сите со оригиналната фотографија на нејзиниот син, што го донесе на свет пред само шест дена.

Актерката Ева Лонгорија, најпознатата „очајна домаќинка", неодамна стана мајка за прв пат на 43 години, а сега таа ги воодушеви своите обожаватели со оваа преслатка фотка од синот.

На 19-ти јуни, Ева доби син со сопругот Сантијаго Енрике, кој го облече во зелен мексикански дрес со натпис „Санти" и број 8, како жесток навивач на Мексико и љубител на фудбалот, со цел да им даде поддршка на играчите во сегашниот Мундијал во Русија.

- Погледнете кој е подготвен за фудбалскиот натпревар! - напиша актерка со мексикански корени, а прекрасната фотографија собра куп прекрасни коментари.