Згодна е, креативна, но и хумана: Дизајнерката Ива Спасовска славеше роденден, а претходно готвеше за бездомните

Добивај вести на Viber

Таа е креативна, згодна, сексапилна. Но, и хумана. А тоа го докажа и со сопствен пример.

Една од најпознатите дизајнерки кај нас, Ива Спасовска ја покажа својата хумана страна.

Имено, таа се вклучи во акцијата на @actmakedonija и подготвуваше топли оброци за бездоните лица.


Покрај видето кое го објави дизајнерката на Инстаграм, напиша:

„Лесно е да помогнеме, му благодарам на Бога што не сме од другата страна, не можам ни да замислам како им е на беспомошните, НО едно знам, тој што помага на друг си помага себеси да допре до вистинската суштина на животот… Сите можеме да зготвиме или купиме храна и да нахраниме луѓе кои немаат што да јадат… Во Скопје тоа можеме да го направиме со помош на @actmakedonija секој вторник во 18:00 ч. кај Мајка Тереза во центар. Пишете им на нив сѐ ке ви објаснат.
Среќна сум што знам дека барем некој од вас ке го направи истиов овој благодет.
Ве сака вашата Ива“, напиша дизајнерката.

View this post on Instagram

A post shared by I V A S P A S O V S K A (@ivaspasovska_)



Инаку, харизматичната Ива вчера славеше роденден.





Фото: Инстаграм screenshot