Згодната Алесандра Амбросио ја откри тајната: Како ја одржува витката линија?

Добивај вести на Viber

Утринското време, кое го имате пред да излезете да се соочите со светот, е најдрагоценото кое го имате во текот на цел ден. Денот ќе ви изгледа онака како што ќе го започнете. Потребно е да се воведе некој вид на рутина и работи кои треба да ги извршите пред да одите на работа/школо/факултет. Продуктивноста која ќе ја пружите тој ден ќе зависи од вашата утринска рутина.



Денес, ви го претставуваме утринскиот ритуал на Алесандра Амбросио

Бившиот ангел на Викторија Сикрет денот го започнува обично во 7 часот, кога најчесто се буди без аларм, а потоа започнува да подготвува појадок за себе и за нејзините деца.

Појадокот обично е составен од варени јајца со кокосово масло, авокадо за свеж овошен сок или некоја друга нутритивно избалансирана храна. Алесандра не го заборава ни утринското кафе, а потоа веднаш оди на тренинг. Секој ден вежба јога, пилатес и Бар метод, и тоа е составен дел од нејзината утринска рутина што таа ја практикува и во деновиве кога треба да стане во 5 часот наутро.

Пред да излезе од дома, се подготвува само 30 минути. Користи само виткач за трепки и коректор за само малку  „да го разбуди" лицето пред да излезе, бидејќи нема ништо поубаво од природно лице кое не се крие под тешките слоеви на шминка.