Згодни, шармантни, заводливи: Жените губат глава по овие сексапилни мажи кои се постари од 50 години
Тие се доказ дека мажите можат да бидат како виното! Колку е постаро, толку подобро!
Тие се згодни, шармантни, заводливи, главно милионери и жените едноставно лудуваат по нив и покрај огромната разлика во годините. Дали разликата во годините може да се надомести со други работи? Ваше е да одлучите, а ние за вас ги издвојуваме ТОП 5 постари мажи, кои би ги привлекле сите погледи!
1. Винсент Касел
Овој француски актер е познат по својот луксузен живот, но и по тоа што привлекува убави жени, а доказ за тоа е и тоа што беше во брак со Моника Белучи, жена од детските соништа. Винсент има три деца, а последното дете го доби со сегашната сопруга, познатата манекенка Тина Кунаки, која е повеќе од 30 години помлада од него!
2. Џанлука Ваки
Овој харизматичен Италијанец е роден на 5 август 1967 година во Болоња, каде што дипломирал на Универзитетот за економија и бизнис. Како претприемач работел во различни области, од туризам до мода.Познат по екстравагантниот и безгрижен живот на плејбојците, тој е познат и по здравиот начин на живот и љубовта кон скапите мотоцикли и луксузните автомобили. Тој ужива да поминува време на своите јахти и сака да посетува егзотични места. Меѓу познатите дами со кои имаше минлива врска е и Џенифер Лопез.
3. Андерсон Купер
Тој е американски телевизиски новинар и главна ѕвезда на CNN. Има 53 години, а роден е на Менхетен, во срцето на Њујорк. Има еден син, кој му го подари сурогат мајка. За жал драги дами, овој згоден фраер е геј.
4. Џорџ Клуни
Иако многумина мислеа дека Џорџ Клуни (59) ќе остане вечен ерген, неговото срце го освои 16-години помладата адвокатка Амал (41) со која се ожени во 2014 година и која роди близнаци во јуни 2016 година. Овој познат заводник е актер, вундеркинд и режисер, а во слободно време крши женски срца!
5. Ричард Гир
Овој 72-годишен актер сѐ уште важи за еден од најдобрите момци во светот. На 71-годишна возраст добил уште едно дете со сегашната сопруга, која е 33 години помлада од него. Пред шпанската убавица со која сега е во брак, Ричард беше во брак и со Синди Крафорт.
фото: Принтскрин Инстаграм