Ѕид со икони, гардеробер колку цела соба: Ѕирнете во бајковитиот дом на Сека Алексиќ
Славната пејачка и нејзиниот сопруг изградија вистински рај за своето семејство
Сека Алексиќ реши својот дом од 450 метри квадратни, да го направи далеку од градските гужви, во природа. Со сопругот Вељко и двата сина - Јаков и Јован - таа изгради вистинска оаза на љубовта и мирот во Стара Пазова. Со оглед дека пејачката е голем љубител на животни, тие имаат неколку кучиња на нивниот имот во близина на Белград, пишува Стил.
Деновиве, најголемо внимание во медиумите го привлекува дворот на куќата на Сека од дури сто хектари, каде што ужива во поголемиот дел од денот со своите деца. Покрај базенот и зелените површини, Сека направи вистинска градина околу куќата. Таа ја сака природата, па реши да го украси целиот амбиент со природни материјали, меѓу кои доминира дрво.
Сè е прилагодено на Јаков и Јован, така што деталите во дворот на Сека се минимални. Јаков може да си игра безбедно и скоро во секој агол.
Сека, исто така, има своја градинарска бавча во делот на дворот, каде што одгледува органски производи и на тој начин се хранат што е можно поздраво.
Таа е една од ретките пејачи од јавната сцена која може да се пофали со хармоничен брак во кој љубовта станува сè поголема и посилна секој ден. Затоа љубовта се чувствува во нејзиниот дом, на секој чекор.
Семејните фотографии се врамени скоро насекаде, а како голем верник Сека покри дел од ѕидот со икони.
Покрај пространата дневна соба, трпезарија и кујна, како и неколку спални соби, Сека може да се пофали со цела просторија што ја претвори во гардеробер.
Погледнете ја галеријата:
извор:glossy.espreso