ЗИМСКА ОБЛЕКА: Колку често треба да се пере?

Добивај вести на Viber

Зимската гардероба бара посебен третман, најмногу поради составот на материјалот од кој е изработена. 

Џемперите треба да се перат после шест пати носење, а волнените материјали бараат дополнителна нега. Пред перење свртете ги од внатрешната страна и перете ги само со материјали со слични бои. Исперете ги два пати, а ако можете, сушете ги на отворено. Капите, ракавиците и шаловите перете ги најмногу три пати во сезоната, во машина за облека или рачно. 

Ако сакате вашата облека да трае што е можно подолго, неколку трикови ќе ви помогнат да ја спасите од уништување.  Јакните со пердуви доволно е да се исперат два пати во текот на сезоната. Пречестото перење може да ги оштети пердувите. Ако ги перете во машина за перење, нека биде во ладна вода и не користете класични детергенти, туку детергенти наменети за нежни ткаенини. Најдобро е јакната полнета со пердуви да ја исушите во машина за сушење на облека. Ако ја сушите на воздух, повремено протресете ја за да не се залепат пердувите.