Зимски минимализам: Маникир кој изгледа одлично на долги и кратки нокти (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Кога станува збор за маникирот, некои обожаваaт еднобојни нокти, а други сакаат со дезени и шари. Заедничко за сите нас е тоа што сакаме негувани и убаво лакирани нокти.

Секако, како и во секоја друга категорија од светот на модата и убавината, така и во светот на маникирот има трендови кои доминираат во одреден период. Така експертите ги издвоија маникирите кои ќе доминираат во зимските месеци.

Ова се маникири кои особено ќе им се допаднат на љубителите на минимализмот. Подолу издвоивме популарен зимски маникир кои со задоволство ќе го копирате долго по зимата.

Чисто бело

Белата не е само омилена летна боја, туку е и традиционална зимска боја. Бисерно белата е нијанса која одлично ќе се вклопи во постудениот период од годината.

Црвено јаболко

Иако црвениот маникир е најпопуларен во празничниот период, многу дами не се откажуваат од него ниту по празниците.

Маникир со градација

Ноктите обоени во различни бои сè уште остануваат популарни. Големата предност на овој маникир е тоа што изгледа интересно, а лесно се прави во топлината на вашиот дом. Во зимските месеци комбинирајте бои како пригушена сина, кафена, црвена...

Бебешко сино

Иако можеби мислите дека оваа нежна нијанса е создадена за лето, експертите за маникир се на мислење дека не постои најдобра сезона за носење на оваа боја, односно секоја сезона е создадена за бебешко сина и ќе биде особено популарна оваа зима.

Боја на мов

Популарноста на зелените лакови за нокти расте, а оваа зима ќе ја одбележи бојата на мов. Експертите за маникир истакнуваат дека оваа боја одлично се вклопува со сите тонови на кожа и е совршен избор за сите кои се повеќе ги привлекуваат зелените нокти.

Златна полумесечина

Златната боја е создадена за зима, но за да не биде премногу агресивна, експертите за нокти советуваат комбинација од златен лак и неутрални нијанси како на фотографијата подолу.

Блескав француски маникир

Празниците се зад нас, но тоа не значи дека треба да се откажеме од светки. Ќе ги користиме само во малку помала количина, односно во форма на совршено светкав француски маникир.

Повеќе фотки за инспирација:

фотографии:instagram
извор:zadovoljnja.hr

(Не)обични нокти: Идеи за маникир кои ќе ги обожавате есенва


Новогодишни нокти: 25+ идеи за празничен маникир во кој не можеме да престанеме да гледаме (ГАЛЕРИЈА)