Живкица Каленикова со брз и едноставен рецепт за супа од тиква: Лесно како песна

Добивај вести на Viber

Авторката и водителка на ТВ емисијата „Тунел“, Живкица Каленикова објави интересен и краток рецепт за супа од тиква, која е многу популарна во овие студени есенски денови.

Лековитите својства на тиквата се многубројни, поради што особено се препорачува за време на вируси и настинки, а експертите велат дека би било паметно да ја јадете најмалку три пати неделно. 

Еве како изгледа рецептот на Живкица:

- Лесно како песна, тиква, кромид, лукче, зачини какви сакате ( јас малку сув пашканат и целер), малку путер, во блендер и „voila'“. Убавина од чорба. Наздравје- пишува во описот на фотографиите од супата од тиква.

Како мајка на три деца - Даријан, Марко и Ана, водителката често знае да сподели по некој ваков корисен и лесен рецепт со своите пријатели и следбеници.


* РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ: Баница од тиква