Животна приказна на Карла Бруни: Како од модел станала прва дама на Франција

Поранешната прва дама сакала да биде архитетка, но се заљубила во манекенството. Третата сопруга на поранешниот француски претседател Никола Саркози, сфатила дека може да се биде верен на една личност, доколку таа личност е вистинска

Станува збор за Италијанката Карла Бруни, поранешна манекенка, пејачка, актерка, со која Саркози се оженил во 2008 година, додека бил претседател. Кога Карла имала осум години, заедно со семејството се преселиле во Франција. 


Таа завршила средно училиште во Швајцарија, па заминала во Париз за да студира умерност и архитектура, но поради манекенството го напуштила факултетот. Во деведестите била во топ 20 најплатени манекенки.

 Подоцна дознала дека сака да пишува песни и да ги изведува. „Внатрешниот свет отсекогаш ми беше важен. Пред ревиите, шминкањето и облекувањето, го читав Достоевски, знаев дека сакам да пишувам, изјави Бруни во едно интервју. Нејзиниот прв албум излегол во 2000-та година.


 Со поранешниот претседател Саркози се запознала во 2007 година, а се венчале неколку месеци подоцна. Бруни дотогаш отворено зборувала како доаѓа од семејство кое гласа за левицата и дека никогаш нема да гласа за десницата. Тврдела како на Саркози тоа не му пречи. 


Но, кога добила своја канцеларија и асистент, почнала да патува со сопругот. Кога се омажила за Саркози, во медиумите на насловните страници се појавиле провокативни фотографии од Бруни кога уште биле манекенка, но анкетите покажале како Французите биле горди на Првата дама.