Животното осигурување е долгорочна инвестиција

Добивај вести на Viber

Најмногу се инвестира во осигурувањето со штедна компонента. Овој продукт му овозможува на осигуреникот по истек на договорот за осигурување своето вложување да го добие како заштеда со одредена добивка, вели Јасмина Кузманова, соработник за животно осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

„Животното осигурување е се поатрактивен облик на осигурувањеи во нашата земја, додека пак во западните земји тоа одамна е нашироко развиена пракса. Причината е што истото нуди голем број придобивки за осигурениците и тие стануваат се посвесни за предностите за тоа што значи да се има полиса за животно осигурување. Секако тука се и позитивните искуства на сега веќе поранешните иматели на полиси за животно осигурување кои имаа склучено договори на 10 или 15 години, а кои сега веќе располагаат со своите заштеди од тие полиси.“ - вели Јасмина Кузманова, соработник за животно осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

„Она што им го кажувам на сите, а членовите на моето семејство го знаат тоа многу добро, е дека животното осигурување е продукт кој што нуди долгорочна заштита и сигурност. Наједноставно кажано тоа е продукт со кој вие штедите за себе, а од друга страна ви овозможува помирно да спиете бидејќи знаете дека што и да се случи, веќе сте ги обезбедиле вашите најдраги.Постојат различни пакети и секој може да избере она што е соодветно за него во однос на неговите потреби и финансиски можности.“

Таа посочува дека СН Осигурителен Брокер на своите клиенти им нуди широка палета на производи за животно осигурување. „Со оглед на тоа дека сме брокерско друштво, ги имаме на располагање сите пакети за животно осигурување од сите осигурителни компании. За еден поединец или млада брачна двојка можеби не е едноставно да се одлучи за тоа каков долгорочен договор да склучи. Но, затоа ние сме тука да ги запознаеме со деталите и да им помогнеме да го направат најдобриот избор согласно нивните потреби, желби и финансиски можности.“ - вели Кузманова.

„Реално најмногу се инвестира во осигурувањето со штедна компонента. Овој продукт му овозможува на осигуреникот по истек на договорот за осигурување своето вложување да го добие како заштеда со одредена добивка. Ова е особено атрактивно за граѓаните, затоа што освен што штедат тие добиваат и сигурност дека во случај на непредвидени околности ги обезбедуваат своите најсакани.“ - вели таа.

„Имаме и одлични производи со кои клиентот покрај тоа што е животно осигуран, тој во исто време и инвестира со што има можност за принос многу поголем од оној кој би го остварил при традиционално вложување на средствата. Исто така имаме и производ наменет за лица кои имаат слободни или орочени парични средства, а воедно сакаат да имаат и животно осигурување. Со него покрај добивката, односно бонусот за еднократната уплата, добиваат и животно осигурување, како најсигурна заштита на семејството од несакани последици.“ - појаснува Кузманова.

Посебен акцент се става на децата. „Секако, да не ги заборавиме нашите најмлади. За обезбедување на финансиската сигурност на дечињата имаме производи за детско штедно осигурување каде кое што родителите штедат за нивната иднина, а по истек на договорот децата, тогаш веќе на возраст од 18 до 25 години, се единствени корисници на средствата, секако заедно со добивката.“

Животното осигурување и меѓу нашите граѓани веќе станува потреба, а не луксуз, вели таа. Како најголем аргумент за тоа ги наведува официјалните податоците од Агенцијата за супервизија на осигурување кои покажуваат дека за прв пат во 16 годишното постоење на животното осигурување вложувањата на граѓаните надминаа 2 милијарди денари (32,5 мил.евра) во 2021 година што е рекордно, односно највисоко годишно ниво на вложувања во животно осигурување од востановувањето на пазарот за животно осигурување во 2005 година.

За одбележување е и тоа што минатата година бројот на лица кои имаат осигурување се зголемил за 95 % во однос на претходната 2020 година. Исто така и вложувањата во животно осигурување во 2021 година се зголемиле за 261 милиони денари (4,2 мил.евра) во однос 2020 година.

„Животното осигурување е најдобрата инвестиција за иднината, но не само за вашата иднина, туку и за иднината на вашите деца. Луѓето не сакаат да размислуваат за лоши ситуации, но и тие се случуваат. А тогаш кога ви е најтешко добро е да имате некој кој ќе ви помогне. Полисите за животно осигурување го нудат токму тоа.“ - вели Кузманова.

Таа нагласува дека повеќе информации можат да се добијат на веб страницата www.snbroker.mk, каде што заинтересираните можат подетално да се информираат за пакетите за животно осигурување, како и за сите класи на осигурување кои ги нуди СН Осигурителен Брокер како што се осигурување на моторни возила, зелен картон, патничко осигурување, осигурување на имот, осигурување на лица, осигурување од одговорност...

Заинтересираните можат да се информираат и телефонски на 075/442-669, како и на бесплатниот телефонски број 15770. „Притоа ќе добијат прецизни објаснувања од нашите брокери за најповолнитеосигурителни пакети зависно од нивните индивидуални потреби. Воедно, во своето место на живеење можат да се обратат во најблиската подружница на СН Осигурителен Брокер или да закажат средба со осигурителен брокер каде заедно ќе ја изберат најоптималната полиса прилагодена на нивните индивидуални барања и потреби.“ - вели таа.

ПР објава