Животот некогаш е сив и жолт, но Бајага и Инструктури умеат да го претворат во розов и во еуфорија -само за два часа

Со уводните пасажи на клавијатурите, Саша Локнер почна да ја „вози“ публиката во некој непознат музички смер. Но, кога по извесно време се приклучи гитарата на Бајага, звучниот пасаж се претвори во „С друге стране јастука“ кој експресно иницираше еуфорија кај публиката. Хитовите „ 442 до Београда“, „Текила герила “ и „ Године пролазе“ го задржаа расположението и донесоа нов бран на одушевување.

Момчило Бајагиќ Бајага и неговите Инструктори кои се подмладија со двајца членови, на синоќешниот концерт во преполната сала „Јане Сандански“, уште еднаш докажаа дека можеби годините поминуваат со нервозен чекор, но тие се исти, стојат на сцената цврсто и со елан како првиот ден.

Разиграната публика како дополнително да влијаеше на расположението на Жика Миленковиќ. Иако секогаш е весел на сцената, се чини дека стрелката на таа скала како да подиве. Одеднаш стана Македонец и толку се внесе во таа улога што сите песни ги најавуваше на македонски јазик. Неговиот перформанс на „Живот је некад сив, некад жут„ беше врвот на расположението.

Бајага ја потврди максимата дека во Македонија немој да се обидуваш ниту да пееш, ниту да свириш, ниту да играш со зборовите „ Само оној кој не свирел никогаш во Скопје не знае дека пеете најдобро“,и ја отпеа „ Песна против малери“ на македонски јазик.

По двочасовниот концерт, се вратија на бис и ја почестија публиката со „ Тамара“ и “ Руски воз“.

Бајага и инструктори потврдија уше еднаш дека со право се најдоа во учебник за музичко образование како пример на водечки бендови на српската сцена во 80 години . Во неа пишува „Бајага и Инструкори е рок група која ја основал гитаристот Момчило Бајагиќ Бајага во 1984 година. Истата година го убјавуваат својот прв албум „Позитивна географија“ а до 2020 вкупнио објавиле 11. “Концертот го организираше „Авалон“ во рамките на прославата на 30 години од основањето на продукцијата.

С.А.Н

Фото : Вангел Тануровски

Галерија: