Златна рамка и Креативна Европа Медиа одблиску со продуцентите
Покрај проектите и идеите за филмовите, едно од најбитните прашања
е нивното финансирање. Едно од најголемите поддршки доаѓа од програмата на
Креативна Европа Медиа, кој имаат актуелен повик - „Развој на проект“.
Креативна Европа МЕДИА Деск МК во рамките на „Златна рамка 2020“ на 15-ти февруари (сабота) во 11.30 часот во МКЦ ќе организира Отворена презентација. За време на презентацијата предвидена е и средба со Маша Марковиќ - експерт за евалуација на проектите аплицирани на повикот за „Развој на проект“ на програмата Креативна Европа МЕДИА. Целта на оваа презентација е македонските филмски професионалци да се запознаат со процесот на евалуација и начинот на оценување за овој повик за кој има најголем интерес во Македонија.
Презентацијата е отворена за јавност.