Златни деца: Еден сребрен и два бронзени медали освоија средношколците Јан, Емилија и Андреј на Меѓународната олимпијада по физика

Добивај вести на Viber

Еден сребрен и два бронзени медали, освија тројца средношколци од Македонија на 54. Меѓународна олимпијада по физика.

Јан Стојановски, овои сребрен медеал, додека бронзените медали ги освоија Емилија Николовска и Андреј Стојановски, информираат од Друштвото на физичари на Македонија.

Меѓународната олимпијада по физика се одржа од 21 до 29 јули во Исфахан, Иран на која учествуваа 197 ученици од 46 држави од светот.

Овогодинешните наши преставници го забележаа најголемиот успех од почетокот на учеството на учениците од Македонија на оваа олимпијада во 1996 година, освојувајќи сребрен медал, два бронзени медали и една награда за успешно учество (пофалница).

Јан Стојановски, ученик во четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје, за прв пат на Мекедонија и донесе сребрен медал од оваа олимпијада, само 7 дена по освојувањето на Златниот медал на 8. Европска Олимпијада по физика.

Бронзени медали освоија:

Емилија Николовска, ученичка во четврта година во Математичко - информатичка гимназија - Скопје,

Андреј Стојановски, ученик во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје.

Награда за успешно учество освои

Матеа Митревска, ученичка во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“ - Скопје.

Своето знаење на оваа олимпијада го покажа и Дамјан Стојанов, ученик во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје.

Проф. д-р Ламбе Барандовски, вонреден професор на ПМФ во Скопје и Претседател на Друштвото на физичарите на Република Македонија и Војо Митревски, апсолвент на Институтот за физика при ПМФ во Скопје и поранешен олимпиец беа водачи на македонскиот тим.

ДФРМ за македонските олимпијци организираше 4 неделни подготовки кои се одржаа во периодот јуни - јули 2024 година на Институтот за физика при Природно - математичкиот факултет во Скопје.

Извор: Друштвото на физичари на Македонија/ Фејсбук
Фото: Друштвото на физичари на Македонија/ Фејсбук