ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“
За да се заштитат од змии, граѓаните купуваат репеленти. Нив ги има во аптеките, но истите се нудат и на интернет. Од земјоделските аптеки објаснуваат дека имаат редовни муштерии, луѓе кои секоја сезона си набавуваат средства против змии.
Ова лето има зголемена појава на змии во земјава. Влекачите сè почесто се раздвижуваат во руралните средини, но луѓето ги забележале и во урбаните места. Ги сретнуваат по полињата, но и во градските средини, во паркови, покрај маркети и на други места.
„Луѓето купуваат репеленти против змии. Повеќето го земаат за употреба во рурални средини, најчесто за во викендиците. Ние имаме сулфур, природен репелент, на килограм се продава, како прашок е и се соли. И лани и оваа година имаше интерес, не можам точно да кажам дали сега луѓето почесто бараат репеленти. Цената е 250 денари за килограм и кој чувствува опасност од змии, ќе купи. Репелентот ги одвраќа змиите, не можат да го трпат мирисот. Има викенди кога се купува и се фрла многу, има и викенди кога се продава малку, зависи“, велат од земјоделска аптека од Скопје.
Додаваат дека превентива постои и добро е луѓето да ја користат за да се заштитат од змии и да не дојде до несакани ситуации.
Повеќе на фактор.мк