Значителен пораст на жените-иноватори!
Несомнено е дека жените се иновативни и знаат да најдат секаков вид решение за проблемите во домот.
Но кога станува збор за сериозна иновативност, една третина од вкупно 224.000 барања за меѓународно признавање на патенти во 2017 година, доаѓаат од жени-иноватори, според Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) при Обединетите нации.
Во САД, каде што бројот на пријавени патенти е најголем во светот, жените стојат со само 33 проценти од пријавите.
Уделот на жените е најголем на полето на биотехничките патенти (58 %), а следуваат фармацијата и хемијата. Најмал е уделот во механиката – само 14 проценти.
Ваквиот значителен пораст е секако за пофалба, но се уште половата разлика е многу голема.
Податоците на WIPO покажуваат дека Јужна Кореја е најдобра кога станува збор за рамноправност меѓу половите во иновациите затоа што размерот таму е педесет-педесет. Втора е Кина, каде што жените пријавиле 48 проценти од вкупниот број патенти.
Само напред жени!