Знаела дека има рак и криела од семејството: Марина Туцаковиќ поминува низ тежок период
Композиторот Стево Симеуновиќ, автор на големи хитови и пријател на Марина Туцаковиќ која е позната по големите напишани хитови на српската естрада , вели дека е упатен во животната драма на колешката.
„Немав рак, фала богу, но јас имам друг медицински проблем кој уште трае и сум запознаен со ситуацијата на Марина. И посакувам поскоро оздравување. Работата со која јас и Марина се занимаваме е катастрофа, доручкуваме кога луѓето вечераат, ноќно време работиме ...се тоа влијае на здравјето“.
-И јас ги имам истите пороци како Марина, ние сме добри пријатели и ја обожавам . Таа е машки силна и сум сигурен дека ќе истурка. Не можам да верувам дека таа знаела дека е болна и дека се криела од семејството. Миќо Николиќ има сличен проблем, оди на зрачење...Не дај боже никому, јас со цело срце им давам поддршка на двајцата“, рекол Стево кој одбил соработка со Светлана Ражнатовиќ.
-Секогаш ја гледав Цеца како пејачка на Марина и не сакав да работам за неа иако таа сакаше да соработуваме. Цеца за мене е проект на Марина, и никогаш не би направил нешто што ќе ме скара со Туцаковиќ која ми е премногу драга.
Имено, еден од најпознатите текстописци на Балканот поминува низ тешка битка, но храброста не ја издава во ниеден момент. Нејзините колеги и пријатели се постојано со неа, што како вели Марина ја прави силна.