Знаете ли како да се ослободите од заморот?

Добивај вести на Viber

Сигурно чувствувате замор по 8 часа работа во текот на денот, но има повеќе начини да се ослободите од заморот.

Нутриционистите сметаат дека  балансиран појадок е добро решение. Британските истражувачи велат дека е добро да се јаде јаболко, затоа што го збогатува телото со витамини и растителни влакна. Исто така, во листата се вклучени ореви, пилешко, риба, овес и чај.

Масажата ја подобрува циркулацијата на крвта и го активира на нервниот систем.

Една чаша вода ќе ви помогне да заборавите на синдромот на замор.

Вежбајте и намалете го внесувањето на сол во организмот.

Дневните препорачани дози на кофеин се 200 до 300 милиграми, што е 2 до 3 шолји кафе. Не пијте премногу кафе. 

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои практикуваат дваесет-минутна прошетка во природата секој ден, се чувствуваат многу подобро од останатите луѓе. Шетајте доколку имате можности и време.