Знаете ли на која температура треба да перете алишта за да ги заштитите од молци?

Добивај вести на Viber

Неодамнешно истражување во Велика Британија покажало дека се повеќе луѓе се соочуваат со проблем со молци кои ги уништуваат нивните омилени парчиња облека.

Кога се спровела студијата било откриено дека најголем дел од испитаниците алиштата ги переле на температура до 30 степени.

Можеби изгледа чудно, но истражувачите сметаат дека перењето на пониска температура не ги уништува молците, па затоа доколку се соочувате со ваков проблем, ние ќе ве советуваме што да превземете.

1. Валканата облека никогаш не ја враќајте назад во гардероберот, особено во летниот период, бидејќи молците лесно се лепат на мокри и испотени парчиња.

2. Проврувајте ги темните места кои се идеални за собирање на молци, односно зад мебелот, под него, под креветите итн.

3. Тука се надоврзува и редовното чистење на оние површини од домот кои се потешко пристапни.

4. И за крај, за облека која не бара перење на ниска температура, се препорачува перење на температура над 40 степени.