Знаев дека секоја моја солза во детството ќе вроди со плод: Дизајнерката Ива Спасовска никогаш не се откажала од соништата

Добивај вести на Viber

Полека но сигурно, дизајнерката Ива Спасовска се пробива и гради успешна кариера.

Креативна е, згодна, хумана но и верува во она што го прави. Оние кои ја знаат, знаат дека е вистински пријател.

Ива денес праќа силна порака. Никогаш да не се откажуваме од сопствените соништа, а во постот на Инстаграм сподели знаела дека секоја солза од детството и грутка во грлото еден ден ќе вроди со плод.

„Детство кога бев неприфатена од околината.
Причина - зошто имам свое мислење. Бев принудена да живеам во свој свет, сама со животните и барбиките каде својата цел ја изразував..
Длабоко верував дека еден ден ќе му покажам на светот која е Ива.
Неколку години подоцна…
Знаев дека луѓето ќе се инспирираат од мојата визија и дека секоја моја солза и грутка во грлото и душата ќе вроди плод на успех!
Луѓе мои НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ ОД
ВАШИТЕ СОНИШТА“ - пишува харизматичната дизајнерка.





Фото: Инстаграм screenshot