Знам дека крвта не е вода, но не ми дававте ни кафе да се напијам, гонете се сите: Бритни Спирс остро до членовите на семејството

Добивај вести на Viber

Во јавна објава, Бритни Спирс кажа се што ѝ лежи на душа

Поп-ѕвездата Бритни Спирс сите овие години молчеше само затоа што мораше поради договорот со кој се контролираше нејзината кариера, финансии и приватниот живот, но откако судот одлучи дека нејзиното семејство, особено нејзиниот татко, повеќе нема удел во нејзиниот живот, таа „го одврза јазикот“.

Минатата недела Бритни му го кажа судбоносното „да“ на своето долгогодишно момче Сем Асгари. Иако венчавката не помина без инциденти, поради ненајавен упад на нејзиниот поранешен сопруг, кому по полициска наредба и жалба на Спирс му било забрането да се приближува, пејачката меѓу другото реши целосно да се расчисти со семејството.

На свадбата на Бритни Спирс не беше поканет ниту еден член од семејството, особено нејзината мајка, татко и сестра, но сопственичката на хитот „Токсик“ сакаше да го стави и својот брат Брајан на листата на непожелни во својот живот.


„Никогаш не беше поканет на мојата свадба. Дали навистина мислиш дека го сакам братот кој не ми даваше да се напијам чаша виски цели четири години. Ако мислеше дека сите ќе бидеме заедно на свадба и ќе се преправаме дека сме фини - ти, сестрата и мама, а пред тоа го криевте кафето и алкохолот кога доаѓав дома - ужасно сте погрешиле. Ме повредивте многу пати, на многу нивоа", напиша Бритни на Инстаграм.

Според „Page Six“, братот Брајан бил задолжен за контрола на Бритни дење и ноќе за време на концертните активности во Лас Вегас од 2013-та до 2017-та година. Во тоа време, таа сè уште беше под контрола на нејзиниот татко.

„Можеби ќе се натерам да го испијам оној пијалок што ми го забранувавте вечерва. Ќе погледнам во небото и во месечината и ќе речам „еб*те се“. Знам дека крвта не е вода, но ниту едно семејство не би го направило тоа што вие ми го направивте “, заклучи таа. 

Според пишувањата на медиумите и документарниот филм за животот и кариерата на Бритни Спирс, пејачката не само што била контролирана од нејзиното семејство, туку сите колективно заработувале од неа цели 14 години и ја принудувале да одржува концерти и да снима албуми што не ги сакала.


Извор: stil.kurir.rs