Зоран Кардула и креативниот тим на Божиновски го „зачнаа“ ова мало македонско / швајцарско ремек дело

Добивај вести на Viber

На осми септември, на 30 годишнината од македонската независност ќе биде претставен првиот локализиран дизајн на Swatch часовник. Уникатен а препознатлив дизајн, дизајниран од страна на познатиот македонски дизајнер и уметник Зоран Кардула, а изработен од Swatch кој храбро ја поддржа целата наша приказна.

„Часовниците ќе бидат достапни во лимитиран симболичен број од триесет парчиња и истите ќе бидат изложени во нашите салони. Со оглед на симболиката на целиот проект идејата е за истите да организираме донаторска аукција, а собраните средства ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно, по избор на авторот кој покрај како дизајнер е познат и по својата хуманост.

На овој начин сакавме да направиме една заокружена приказна и да ви ја доловиме вложената енергија во креацијата на часовникот . По избор на уметникот со истата енергија средствата да бидат донирани онаму каде се најпотребни, како симболичен гест за одбележување на денот на независноста“, велат од Божиновски.

После објавувањето на првиот локализиран дизајн на Swatch во периодот кој следи ќе се објавуваат нови серии на локално дизајнирани часовници од македонски творци и уметници, на тој начин „Божиновски часовници и накит“  сака силно да ја поддржи креативната заедница во земјава, во знак на благодарност што изминатите 30 години, неуморни и непоколебливи, преку нивните дела му даваа боја и надеж на нашето секојдневие.

* ПР - објава